Државата се движи во погрешна насока и власта треба да си замине, беше ставот на двајцата лидери на двете опозициски партии Христијан Мицкоски и Биљал Касами, кои најавија дека ќе ги искористат сите механизми за да се случи тоа.

Овие ставови ги дадоа на средбата во просториите на општина Тетово. Двајцата лидери не прецизираа на кои механизми мислат, но не ја исклучуваат ниту можноста за протести.

Не очекувам да си заминат на дебелиот црвен тепих во владините кабинети тие што користат автомобили од половина милион евра, кои лежат на кожни фотелји додека народот не гладува, а младите бегаат од државата.“ гинат граѓаните во болници или се живи изгорени како што беше случајот со модуларната болница во Тетово. Затоа ние како опозиција имаме средства и методи, институционални и вонинституционални, да се избориме за она што мислиме дека народот го очекува од нас – изјави претседателот на ВМРО ДПМНЕ.

 

Ќе ги искористиме сите демократски механизми за да направиме промени и да ја одразиме волјата на граѓаните во централната власт – порача Касами.

Опозицијата ја продолжува битката и во Собранието. Сепак, Мицкоски и Касами негираат дека блокирањето на собраниските комисии е дел од нивната стратегија. На прашањето дали ќе ги повлечат своите членови од собраниските комисии за мнозинството да има мнозинство и во комисии, двајцата лидери негираа. Според нив, тоа важи и за Комисијата за избори и именувања, во која сите процедури се блокирани бидејќи мнозинството го прави пратеникот на Движењето Беса, иако Беса веќе е во опозиција.

Дури и таа комисија има доволен број заменици. Шефот на Собранието Талат Џафери треба само да има храброст да го именува и таа комисија да заседава. Ако сакаат да го партизираат уставниот суд и да одлучуваат судии и членови на регулаторни тела со партиски уредби, извинете но нема да се согласам и ќе сторам се што е во моја моќ да не го дозволам ова – изјави Мицкоски.

Касами, истакна дека поделбата на позициите во Парламентот, како и секогаш во минатото и во овој парламентарен формат, се заснова на неодамнешните избори и изборниот резултат.

Во минатото не се случило во меѓувреме да има реконфигурација на комисиите и другите тела на Парламентот – изјави Касами.

Од власта велат дека парламентарните избори треба да бидат регуларни во 2024 година, а опозицијата да биде конструктивна и да ги деблокира комисиите во Собранието.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.