Меѓувладина седница на македонската и на косовската Влада во Приштина – земјите остануваат силно посветени на одбранбената соработка која е столб на регионалната безбедност, се вели во Фејсбук статусот на министерството за одбрана.
Министерот Владо Мисајловски разговараше со неговиот колега, министерот Ејуп Маќедонци со кого ја потврдија намерата на двете земји за продлабочување на одбранбената соработка. Нашата држава е активен и посветен НАТО сојузник чиј приоритет е регионалната стабилност и безбедност. Македонската Армија веќе четири години дава свој придонес во НАТО мисијата КФОР на Косово што е доказ дека регионот и неговата сигурност за нас се од исклучително значење, истакнуваат од МО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.