Министерката за одбрана Славјанка Петровска најави дека ќе го тужи Драган Ковачки од ВМРО – ДПМНЕ кој денес ја обвини дека во анкетниот лист не пријави луксузна хациенда со базен во Радишани. Петровска вели дека обвинувањата за непријавен имот се лага и груба манипулација.

Имотот кој бегалецот Ковачки го посочи, никогаш не сум го поседувала. Единствено што поседував е плац кој со уредни договори за купопродажба е отуѓен односно продаден пред повеќе од десетина години. Безбедњакот, поранешниот воен разузнавач, кој беше дел од сценариото за 27 април и кој ги извиси и се огради од оние што ги поттикна на насилство има рок од 24 часа да се извини за овие невистини, во спротивно ќе му биде поднесено тужба за клевета, а парите ќе ги донирам за жртвите од владењето на неговиот Никола Груевски. Го повикувам да се извини на семејството кое е легален и чесен сопственик на овој имот и да престане со нивните стари навики на незаконско следење и фотографирање. Жалам што Ковачки бега да зборува за успесите на Армијата туку одбра да се занимава со конструкции против мене ама ова дрско и бескрупулозно однесување од негова страна нема ниту да ме заплаши ниту да ме поколеба да ја зборувам вистината“, рече министерката Петровска на прес конференција организирана исклучиво за да одговори на обвинувањата од Ковачки.

Ковачки, исто така на прес конференција, како дел од аферата „Тајни имоти – што крие власта од народот?“, објави дека министерката Петровска има непријавен луксузен имот во Радишани со објект кој е дивоградба. Ковачки побара министерката да ја донира луксузната хациенда здруженијата на бранители од 2001 година и веднаш да си поднесе оставка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.