Министерка за труд и социјална политика манипулира со јавноста и пушта дезинформации за да го политизира утрешниот штрајк!, пишува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на својот фејсбук профил.
Намерно користи фотографија стара повеќе од две години!
Е ова е СДСМ, ова е Влада во слободен пад!
За социјалните мрежи за случајот се огласи и Проф. д-р Лазар Јовески.
Во Македонија ништо ново!, пишува на својот фејсбук профил Проф. д-р Лазар Јовевски.
Вечерва објавуваат слика од пред две години каде со манипулација од макијавелистички тип ме поврзуваат со денешниот прес на СОНК за објавување на почетокот на штрајкот. Наводно јас сум стоел позади штрајкот и сум го организирал. Наместо да се види што се случува во земјава и накаде одиме, некои се занимаваат со спинови и лаги. Жално и срамно! Ова ви е пример како постапуваат луѓе кои немаат страв од Бога! Монтираат слика каде учествувам на прес од пред неколку години и давам изјава за унапредување на правата на професорите и вработените во Универзитетот, а во врска со колективниот договор кој се потпиша во тоа време….
Барам јавно извинување од сите кои стојат зад оваа лажна информација и кои ја споделуваат, а која има за цел да го наруши мојот углед и достоинство и барам истата да се повлече, вклучително и од министерот за труд и социјална политика, како и од МИА.
Доколку тоа не се стори во законски предвидениот рок, ќе поведам постапка за навреда и клевета согласно Законот за граѓанска одговорност .
А јас и понатаму цврсто ќе стојам на ставот за унапредување на правата на сите вработени во Македонија, за достоинствен живот и дека правото на штрајк е основно човеково и граѓанско право на секој вработен. Тоа е моја должност како професор по трудово право, но пред се како граѓанин и човек кој ја сака својата земја и својот народ.
Имајте мирна ноќ. Јас секако ќе спијам мирно, а вие???
проф. д-р Лазар Јовевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.