Она што го разговараме со граѓаните е општата загриженост дека владата за жал е актерот кој ги загрозува европските перспективи на Македонија, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски од општина Василево во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“
Се злоупотребува европското знаменце за да се сокрие таен договор во кој има висока корупција, многу издатоци од државниот буџет кои што власта ќе ги дели со некого, посочи Милошоски.
Милошоски истакна дека парите Ковачевски и Груби ќе ги делат со други, а државниот буџет не се употребува за реалните проблеми на пензионерите, на студентите, на граѓаните, на помалите општини да им се помогне каде има реални потреби.
Затоа сметаме дека е време не само за лидерска средба, туку и за лидерски став на сите политички актери, да одиме на избори, граѓаните да одберат луѓе кои ќе можат Македонија да ја однесат во подобра насока, да ги решаваат проблемите кои што ги создаваат Артан Груби и Димитар Ковачевски, изјави Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.