Сметам дека како прво како претседател на Влада, тој треба да биде најтранспарентен, како претседател на Влада би требало да има и уважување кон институциите во случајов и армијата на Република Македонија, но очигледно е дека 2000та или 2001 година Ковачевски воопшто не ни размислувал дека ова прашање некогаш ќе биде тема. Кога човек е фатен во лага, како што е случајот со премиерот Ковачевски и не служењето на воен рок и манипулацијата со таа документација, прво кажа дека студирал, потоа втор пат кажа дека не служел рок дека имал некој оперативен зафат, за денес да каже на собраниска говорница дека некој административци , за кој што тој не знае кој се во 2000та година му подметнале некаква дијагноза, упаднале во воената евиденција и напишале тоа што го напишале за него дека е трајно неспособен. Документот е вистинит но Ковачевски самиот има три различни верзии на одговори и се гледа дека не ја говори вистината, барем ниту една од овие три не се поклопува една со друга, истакна Антонијо Милошоски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Што не е јасно“ на Телевизија Алфа.
Дополнително, Милошоски посочи дека ова однесување на Ковачевски кон новинарите и јавноста е стратегија од тимот за медиуми на Ковачевски кој го советува ако не може да се одбрани, тогаш да нападне со една цел да се поларизира јавноста околу оваа тема. Ова однесување и денес на собраниската говорница и вчера на неговата прес-конференција според Милошоски јасно покажува колку премиерот нервозен и несигурен.
Во овој случај мислам дека институција која треба да се произнесе е Директоратот за безбедност на класифицирани информации и тие би требало да имаат достап и увид до секоја класифицирана информација, вклучително и до воената евиденција и бидејќи се работи за прашање од јавен интерес, тие треба да кажат дали е веродостоен тој документ за лекарска неспособност на премиерот при одбегнување на служење на воен рок или можеби некој направил манипулација, Ако направил кој е лекарскиот тим кој направил манипулација и да се провери дали некој ќе сноси одговорност или можеби самиот Ковачевски кој тогаш бил воен регрут, изјави Милошоски.
Втората институција која што исто така треба да даде одговори е Министерството за одбрана, кое има евиденција, ги прави односно ги основа тие лекарски комисии и МО гледаме дека излезе со едно соопштение дека ова е класифициран материјал бидејќи било воена тајна, па државна тајна, но со самото тоа мислам дека не му направија услуга на Ковачевски. Со самото соопштение од МО се потврди дека таа документација постои, но тие спинуваа кој и на каков начин ја лиферувал во јавноста, но сметам дека тоа е секундарно прашање, примарното прашање е транспарентноста на институциите а овде недостига транспарентност на првиот човек на Владата, истакна тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.