Пратеникот и член на Комисијата за избори и именувања, Антонио Милошоски на почетокот на седницата за утврдување предлози за избор на уставни судии предложи да им се овозможи на предложените кандидати да се обратат пред Комисијата и да се претстават на јавноста.

Ова не е обврска на Комисијата, туку добра политичка волја. Кандидатите може да се претстават по 20тина минути, да им се постават по две прашање: едно од мнозинството, едно од опозицијата… Како и да се договориме. Тоа ќе биде добра можност да ги видиме нивните капацитети, а и јавноста да има можност да коментира, да споредува, само преку лично присуство и претставување. Такво нешто не е забрането. Личното обраќање ќе биде од корист за сите: и кандидатати, и пратениците, а и јавноста, медиумите и граѓаните бидејќи ќе знаат кого Собранието ќе избере, рече Милошоски.

Претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска првично се изјасни против предлогот на Милошоски, бидејќи тоа не е обврска според Деловникот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.