Антонио Милошоски од ВМРО ДПМНЕ јавно на фејсбук ја поставува дилемата дали некој жител на Тетово, кој бил вработен со договор на дело во општината во време кога градоначалничка беше Теута Арифи, живеел во Виена, а земал месечна бонус плата од општината.

Градоначалникот Касами го објави списокот на луѓе кои од општина Тетово примале пари со договор на дело. Вкупно 811 договор на дело, а многу од договорците не оделе на работа. Некој земал 9.000, некој 15.000, а некои по 25.000 денари месечно. Богата Виена сигурно има помалку договори на дело за 2021 година, но можно е некој од овие и да живеел во Виена, а да си земал месечна бонус плата од општина Тетово во времето на Теута, вели Милошоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.