По повод 150 години од раѓањето на македонскиот револуцинер Гоце Делчев, делегација од Советот на општина Битола предводена од координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Бојан Бојкоски, со негови сопартици и колеги од Советот и советникот од СДСМ Петар Николовски, положија свежо цвеќе пред Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола. Почит му оддадоа и претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Пеце Милевски, пратеничката Олга Лозановска која пред неколку дена беше реизбрана за член на извршниот комитет на партијата, претставници од Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ, претставници од Унијата на жени, како и ветерани на партијата.
Можам да кажам дека целото ова одбележување на раѓањето на македонскиот син, кое треба да биде голем празник во државата и во сите градови, во сите населени места, се чувствува некако како усрамено, од страна на централните власти, но нашата обврска е како почитувачи на ликот и делото секогаш тоа достојно го правиме, во рамките на нашите можности. Се надеваме дека ќе дојде време кога луѓето сите заедно храбро ќе застанеме и исправиме пред она што ни го оставил како наследство, Македонска независна држава, почитувана и државата, но почитуван и неговиот лик и дело, изјави претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола, Пеце Милевски, за локалната Тера телевизија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.