Екипа на српски „Блиц“ во Скопје разговараше со таткото на Боки 13, Миле Јовановски, кој пред камерите откри што се случува со неговиот син во затвор и дека му недостига.

Неговото здравје не е добро, му останаа само речиси десет проценти од желудникот, а има и други здравствени проблеми. Владата го третира како да е најголемиот терорист во историјата. Катастрофа, тоа е страшна тортура. Тој нема услови во затвор. Треба да јаде по малку 8, 9 пати на ден. Бара да му се прекине казната, но тоа не го добива ни за да се опорави барем малку. Бојан е инвалид на кој му треба помош, вели Јовановски.

Според српскиот медиум, таткото на Боки 13 се расплакал на крајот од интервјуто и им порачал на луѓето кои се уште го сакаат и поддржуваат неговиот син, дека Бојан ќе се врати од затвор како нов човек.

-Тој сè уште ја сака музиката до ден-денес. Уште како дете почна да се занимава со водителство. Се гледаше дека беше шоумен, имаше 10, 11 години. На 13 години ја донесе Руслана. Соседите го поздравуваа, сите го фалат, го охрабруваат да издржи. На луѓето кои го сакаат би им рекол да „очекуваат нов Бојан“, порачал Миле Јовановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.