Прв дел преговори, транзиционен период на преговори, не е најдобар договор, ама…се убија од семантички вратоломии, врти-сучи и трчи-лажи реторики, вели активистот Ивор Мицковски за изјавите на функционерите и аналитичарите блиски до власта околу францускиот предлог.

За еден договор да е добар, тој треба да е добар од почеток до крај, да го издржи патот и да ги намали тензиите и во општеството и со оној со кој договорот го правиш.
Ниеден од тие предуслови не постои во овој ваш опасен антиевропски и антидржавен авантуризам, вели Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.