Добро бе Бујар, добро бе МНР, ај што докторов нема две чисти у главата, ама има ли некој таму нешто да каже, пишува на Фејсбук Ивор Мицковски, коментирајќи ја одлуката на министерот Османи да додели дипломатски пасоши само на двајца фудбалери и на селекторот.

Македонија го елиминираше европскиот фудбалски првак Италија од квалификциите за Светско првенство и до пласман на Мундијалот во Катар и останува една пречка – Португалија, во вторник.

Како тоа давате дипломатски пасоши на само 2 играчи и селекторот, па уште и министерот ќе кажува дека они тројца биле најзаслужни или дека ако ја победеле Португалија ќе добиеле сите.
Па добро бе има малку здрав разум во оваа земја и нашиве институции.
Или се дава дипломатски на сите или не се дава никому.
И зошто вакви тензии и поделби пред клучна утакмица, може ли еднаш нешто да направиме обединети, како држава, како здрав колективитет, без поделби и ниски, празни резони и спрдавања.
Најдобро е изгледа ништо да не правите, пошто само штета успевате да направите, пишува Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.