Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“, извршија увид во завршните градежни работи на реконструкција на Сала за венчавање – Парк на млади.
Мицкоски е задоволен од работата на градоначалникот Ристов.
Во Радовиш завршени се и пуштени во употреба три проекти за 5 месеци. Според динамиката со која се одвиваат работите во Радовиш, ценам дека ќе имаме успешен резултат и за радовишани, но очекувам да има влијание и во околината, рече Мицкоски, кој очекува со несмалена динамика да продолжи реализацијата на ветеното.
Важно е да се работи, да се покаже дека не се сите исти, додаде тој.
Имаме влада која е обременета со криминал и којашто краде и имаме градоначалници кои се чесни и кои градат. Тоа е разликата меѓу едните и другите, односно меѓу нас и СДСМ и ДУИ, додаде Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.