При денешната посета на општина Кочани претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали очекува да има правда за случајот „Пошти“ и поранешниот генерален секретар Мухамед Зекири истакна дека некредибилниот премиер најмалку што требаше да направи е да се извини, заедно со вистинскиот премиер кој што денеска си ги троши парите кои видовме како се стекнувале.
„Најмалку што очекувам беше овој некредибилен премиер да се извини бидејќи неговиот генерален секретар е фатен во тежок криминал и најмалку што требаше е да излезе пред граѓаните и да се извини заедно со тој кој што е висински премиер, а кој што денеска си ги троши парите стекнати на начин на кој што видовте, како се стекнувале пари. Правда во Македонија нема, но наскоро од денеска веднаш по одржувањето на предвремените парламентарни избори ќе биде ослободено и обвинителството и судството кој што многу јасно ни покажаа како функционираат, министерот во средина, левата страна обвинителот, десната страна судијата, никој не го споменува судијата распрашајте се кој е судијата кој што седеше до министерот, и колкаво е неговото значење кога се носат одлуки кои ќе бидат обвинители и судии, треба јавноста и медиумите многу посериозно да се занимаваат со таа тема. Тоа е јасен приказ дека ние живееме во заробена држава, држава во која што немаме ниту слободно обвинителство, ниту слободно судство, затоа степенот на доверба ни е скромни 8 проценти, и затоа граѓаните не веруваат во правдата. Тоа го кажуваат сите оние кои што имале работа и со обвинители и со судии. Но набргу од денеска сето тоа ќе биде ослободено и ќе може правдата конечно во Македонија да дојде а со правдата и покомотно да живеат граѓаните и да имаат поголема доверба во тие институции“, нагласи Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.