За само една година секое четиричлено семејство во Македонија има нов долг од 77.500 денари, пишува во својот статус на Фејсбук лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Како ја завршивме економски 2021 година:
⁃ Приходи во буџет околу 3,55 милијарди €
⁃ Расходи во буџет околу 4,18 милијарди €
Разликата помеѓу буџетските расходи и приходи изнесува околу 0,63 милијарди € или нов долг за македонските граѓани од 630 милиони €. Проектираниот бруто домашен производ за 2021 година беше 11,714 милијарди € што значи дека во годината на локални избори власта го зголемила долгот за околу 5,14%, а секое четиричлено семејство го задолжила за 1.260€ или за 77.500 денари, пишува Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.