Како и обично, доцнат едно две три години во своите намери. Требаше пред да ги потпишуваат овие капитулатнски договори да седнеме на маса“, вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање за коментар околу предлогот на министерот за надворешни работи Бујар Османи за нов рамковен договор за ЕУ.
Ние повикувавме, се сеќавате, јас повикав 5 тима да се формираат, да седнеме и да направиме стратегија и врз основа на таа стратегија понатаму да делуваме. Ние и покрај тоа гледате еден од тимовите е веќе ефективен, овој кој што помага во економијата, во енергетиката и покрај што тие тогаш надмено одбија, неодговорно, незрело би рекол. И сега еве со огромно задоцнување повторно нешто се нуди зашто се нема концепт јасен. Претпоставувам дека тоа е обид за дефокус од одговорноста која што се бара од неговата партија за министерот за надворешни работи. Да почекаме да видиме како таму ќе се развиваат работите, па дури потоа ќе можеме да говориме за некакви планови во иднина, истакна Мицкоски.
Тој исто така додаде и дека власта наместо арогантно да ја одбива подадената рака од ВМРО-ДПМНЕ, требаше да размисли колку е важна поддршката на ВМРО-ДПМНЕ без која се тотално неуспешни.
Она што можам да го заклучам како одговор на ова прашање е дека доцнат, многу доцнат и наместо она надмено исфрустрирано одбивање кое што го направија кога ние подадовме рака требаше да размислат дека е потребно ВМРО-ДПМНЕ затоа што неможат да опстанат без ВМРО-ДПМНЕ и тоа се гледа. Без поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за жал тие се и така неуспешни, но вака се уште повеќе неуспешни“ потенцираше Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.