Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на Македонската телевизија во емисијата „Отворено студио“ истакна дека за медари и за пчелари треба СДС и Арсовска да си погледнат во своите дворови, бидејќи тие преговарале за пречистителната станица, а Арсовска не ги смени членовите на комисијата.
„Европската банка веднаш после тие обвинувања излезе со став дека се е водено според процедурите на банката и тука се затвара таа тема. Покрај тоа еве јас ги повикувам сите органи на прогонот се да истражат, дали има медари, пчелари кои имаат раце во мед еве јас ги повикувам и кои се тие да кажат, иако Европската банка кажа дека се е водено според правилата на банката“, рече Мицкоски.
Мицкоски кажа дека стварно не гледа тука како може било кои од нас да биде медар или пчелар.
„Ако некој е медар или пчелар може да биде некои од овие. Но за волја на вистината Европската банка вели дека се било според правилата и прописите, тоа значи дека од самото земање на кредит па се до оној момент кога дојдоа тие обвинувања кога дојдоа од страна на Арсовска“, посочи Мицкоски.
Тој истакна дека тоа е исклучително важен проект за Скопје, станува збор за пречистителна станица во која има огромна компонента грант, некаде околу 70тина милиони евра, најголем дел е сојузна Република Германија и треба како јавност да застанеме позади овој проект бидејќи на тој начин како скопјани ќе добиеме многу во квалитетот на живот и во квалитетот на нашата животна средина, треба да го поддржиме тој проект.
„Кога сме кај самиот процес, добро е да потсетиме дека тоа е процес отпочнат во времето на Петре Шилегов како градоначалник и Душко Весковски како директор на ЈП Водовод и канализација, а кредитот е земен од страна на Нина Ангелевска како министер за финансии, Насер Нуредини како министер за животна средина а одговорна на проектната единица е Линдита Шаќири која е дел од највисокото раководство или Форумот на жени на СДСМ“, изјави Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.