За 365 дена направивме големи нешта, а уште поголеми нè очекуваат во иднина и горд сум што можам да бидам „прв меѓу еднаквите“, ако така може да се нарече мојот интерес за работата на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вели претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Сум излегол на избори, сум го дал својот личен кредибилитет, сум водел кампања, сум верувал на тие луѓе и тие верувале во мене и заради тоа, мислам дека е добро и корисно да се консултираме на дневно ниво.

Не е можно да им „висам на глава“ на 42 градоначалници секој ден, но тука сум со својот приватен и партиски капацитет, да им помогнам да го исполнат она што го ветиле пред граѓаните… Ако им помогнеме на нашите градочалници, ќе им помогнеме и на граѓаните во тие општини. Толку е едноставно.

Во однос на Политичкиот саем, кој за првпат се одржува на овој начин во РМ, првпат 42 градоначалници од 6 региони во Македонија јавно покажаа што направиле за своите сограѓани.. Саемот беше отворен за сите посетители, со пренос во живо на социјалните медиуми, со претходно најавен распоред, така што секој може да следи она што го интересира…, вели Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.