Најпрвин благодарност до градоначалникот, општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ тука во Штип, координаторот на пратеничката група и штипјани за пречекот, за можноста денеска да можеме да поминеме низ неколку објекти овде во Штип кои се дел од инвестициската активност на општината и на градоначалникот, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, при денешната посета на Штип.
Навистина претставува чест и задоволство да се гледа, затоа што услови на енергетска криза која постепено но сигурно преоѓа во финансиска криза Иван сепак успева да најде средства и начин да ја реализира целокупната своја програма која беше претставена пред граѓаните на минатогодишните локални избори, изјави Мицкоски.
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ му посака да продолжи да работи во периодот кој следи, чесно, посветено, храбро, одлучно. Затоа што современиот патриотизам подразбира реализирање на ветувањата кои политичарите ги даваат пред граѓаните.
Иван е таков човек кој што заедно со поддршката која ја има во администрацијата, Советот но и граѓаните на Општина Штип, тоа што го ветува јас сум сигурен дека ќе го реализира, па и повеќе од тоа што е ветено да покажеме дека и во услови на исклучително голема криза успеваме да со многу работа, чесна пред се, посветено да го реализираме ветеното пред граѓаните, додава Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.