Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ја предводи партиската делегација на отворањето на македонскиот кулутрен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, потврдија од партијата. Претходно, според партиските најави, во Бугарија требаше да патуваат само претавници од раководството на партијата, но не и Мицкоски, кои имал работни обврски во Охрид. Сепак, тој вечерва одлучил прироритет да даде на клубот.

Опозициската делегација засега е единствената за Благоевград.

Премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски денеска ја одби поканата на организаторите, но ги повика сите оние кои имаат можност в недела да бидат во бугарскиот град, бидејќи како што рече, отворањето културни клубови е начин на кој се зближуваат граѓаните, но и државите.

Иницијативата за постоење на клуб „Никола Вапцаров” е на македонска организација од дијаспората, но Ковачевски најави и владина активност за отворање на македонски центар во Благоевград.

Покана за присуство е испратена и до македонската амбасада во Софија и новата амбадасорка Агнеса Руси Поповска, која денеска беше на прием во бугарското МНР по повод именувањето на функцијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.