„Народот кој што таму живее” ех Претседателе мој, се срамам од самиот себеси што те поддржав но и што водев кампања за тебе. Дојде време ни името на сопствениот народ македонски да не смееш да го изустиш, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

Имајќи почит кон функцијата која што ја обавувате ќе се воздржам од дополнителни коментари но јавно се извинувам на граѓаните што направив грешка при мојот избор и агитирав за Вас да денеска неодговорно кон граѓаните ја извршувате оваа функција. – Надминал македонецот и потешко и полошо и секогаш излегувал појак, истакна Димитриевски.

Секоја чест за Р. Полска која уште од граѓанската војна во Грција ги прифати децата бегалци и им овозможи училишта на мајчин македонски јазик, докажан пријател и партнер на Македонија, додава тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.