Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се сретна со амбасадорот на Руската федерација во Македонија н.е Сергеј Баздникин. Како што соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ, на средбата се разговарало за актуелната општествено политичка и економска состојба, како и за меѓународните предизвици со кои се соочува регионот и светот.
Мицкоски посочил дека Македонија бележи политички и економски застој во поглед на нашите стратешки цели членство во Европската унија, при што сериозна препрека освен спорот со Бугарија преставува и отсуството на реформи на Владата.
Состојбата со корупцијата и селективната правда кои се широко распространети ја вбројува државата меѓу најкорумпираните во Европа и на дното на скалата на Транспаренси која го мери индексот на корупција, истакнал Мицкоски.
Воедно посочил дека можеби најголемиот предизвик во овој момент е заштитата на економскиот стандард на граѓаните, спречување на инфлацијата и растечката сиромаштија.
Секој ден народот се буди со нови цени, и се пониски плати, додека владата нема слух за тоа што се реалните потреби на народот, посочил Мицкоски и додал дека сериозен предизвик е и скапата струја и енергенси.
На средбата станало збор и за меѓународните предизвици во регионален и поширок контекст, при што Мицкоски посочил дека е за почитување на територијалниот интегритет на сите независни држави и дипломатско надминување на сите различни ставови во поглед на актуелните прашања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.