Премногу е од сите овие порази, премногу е од оваа девастирачка политика која што се случува овие пет години. Премногу е од тоа што Македонија и македонскиот граѓанин постојано губи, се осиромашува, се понижува. Премногу е што луѓето во немоќ заминуваат од тука. И практично премногу е што овие пет години изгубивме толку многу што ќе ни треба двојно повеќе да работиме од најдобрите денови за да можеме да дојдеме до една состојба во која што бевме кога бевме држава за пример и во Европа, но и тука на Балканот. Период кога бевме рекордери по странските инвестиции, кога бевме држава каде што се градеше, каде што се реализираа проекти за разлика од сега каде што исклучиво само се краде“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија говорејќи за протестот кој што треба да се случи на 18-ти јуни пред Влада опишувајќи го слоганот што дефинира и појаснува.

Мицкоски посочи дека на протестот очекува масовна присутност на граѓани.

„Протестот на 18-ти јуни ќе биде еден од најголемите протести кој што некогаш се случил во Македонија. Јас секој протест го сметам за успешен, но на овој протест ќе има многу десетици илјади наши сограѓани кои што ќе излезат на овој протест кој што ќе се случува во сабота.

Тој додаде дека и потребите на граѓаните кои што имаат желба да присуствуваат, а не можат да најдат начин како да присуствуваат на протестот, а се од внатрешноста, а не се од Скопје ќе биде преку транспортот кој што партијата ќе го организира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.