Лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски повторно го вика на средба претседателот на Владата Димитар Ковачевски.
Според Мицкоски, ниту една суета, а најмалку таа на Ковачевски е поважна од иднината и благосостојбата на граѓаните во овие сериозни времиња.
Не е време за театар ниту задкулисни игри, туку е потребно делување. Затоа претседателот Мицкоски го афирмира барањето за средба со Ковачевски и неговиот тим за надминување на последиците од енергетската и економска криза. Повторуваме, суетата на политичарите од власта не е поважна од судбината на граѓаните, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.