Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во своето гостување во емисијата ,,Што не е јасно” на Алфа телевизија се осврна на резултатите од Пописот кои денеска беа презентирани на македонската јавност.
Мицкоски овој попис го нарече некомплетен и потенцира дека веднаш после промената на власта, ќе се направи нова статистичка и реална операција.
Ние уште на самиот почеток имавме многу забелешки за оваа статистичка операција, но оној заклучок кој што можеме да го кажеме покрај фактот дека таа е некомплетна, е дека мнозинството, огромно мнозинство повеќе од 90-тина% од тие кои што не се изјасниле се дел од македонскиот народ според општините каде тие се наоѓаат и ние ги наброивме денес на прес-конференцијата но истовремено и порачавме дека веднаш после промената на власт ќе имаме една вистинска статистичка операција, електронски попис на кој што јасно ќе знаеме колкаво е резидентното население во Македонија, порача Мицкоски.
Тој како следен заклучок што го извлече е тоа дека Македонија се депопулира, односно дека се намалува бројот на резиденти во Македонија, речиси повеќе од 10% споредено со претходниот попис и тоа, како што рече Мицкоски е поразителен факт за сите политички елити и политичари кои изминативе 20 години функционираа на политичката сцена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.