Денес Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски остварија средба со Европскиот пратеник од Австрија Кристијан Сагарц.

На средбата разговараа за актуелните предизвици врзани со економската криза како и стратешките интереси на Македонија.

Претседателот Мицкоски посочи дека актуелен проблем на граѓаните останува инфлацијата, енергетската криза и ниската куповна моќ. Владата продуцира сиромаштија наместо развој, и тоа е проследено со високо ниво на корупција во највисоките кругови без правна разрешница.

Мицкоски исто така истакна дека се потврди дека Македонија наспроти тврдењата на власта нема почеток на преговорите со европската унија и интеграциите се заглавени и за тоа е виновна владата предводена од СДС/ДУИ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.