Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на Вселенската патријаршија да ја признае за канонска Македонската православна црква. Мицкоски појаснува дека ова е особено важно што доаѓа по повеќедецениското и повеќестрано негирање на македонскиот национален идентитет, меѓу кој е токму и улогата на нашата црква која несомнено по оваа одлука станува дел од големото семејство на православни заедници, независна и рамноправна на другите.
Сакам да честитам на истрајноста, мудроста и упорноста на поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан, како и сите останати владици и членови на Светиот Синод на нашата црква, на тој начин успевајќи да обезбеди континуитет на православниот идентитет како важен супстрат на идентитетот на македонскиот народ. Со оваа одлука се потврдува вековниот идентитет на македонскиот народ различен од останатите балкански народи.
Како претседател на ВМРО-ДПМНЕ чиј вековен сон и идеал е борбата за Македонија, но и човек припадник на МПЦ-ОА, ќе напишам само ДОСТОЕН!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.