Нека е честит денот, нека е честит празникот, многу значаен ден за Битола, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод Денот на ослободувањето на Битола од фашистичкиот окупатор, додавајќи дека секогаш е задоволство да се присуствува на вакви настани кога се реализираат проекти и кога се испорачува она кое што е ветено.

И тоа е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и владата предводена од СДС-ДУИ. Тоа што го ветуваме, тоа и го испорачуваме. Од утре па до недела ќе имаме 365 дена од победата на локалните избори минатата година во Скопје, ве поканувам доколку имате можност да дојдете и да слушнете од лице место што се е направено изминатата година од градоначалниците кои што беа избрани од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се 42 плус коалицијата во општините каде што е ВМРО-ДПМНЕ, тоа е некаде вкупен број околу 50тина општини. Споредено со тоа што беше во минатото, навистина е неспоредливо во насока на зголемување на квалитетот на граѓаните, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека навистина е импозантно тоа што во Битола се реализирани повеќе од 75 проценти капитални инвестиции.

До сега тоа не се случило, повеќе од 65 проекти за до година подготвени, односно пред дозвола за градба, и навистина Битола заслужува да го врати оној сјај кој што од секогаш го имала на конзулски град.

А јас се обврзувам и лично и тоа сум го кажал и многу пати во минатото, дека владата на ВМРО-ДПМНЕ и јас како нејзин мандатар ќе посветам посебно внимание овде за Битола и ќе бидеме ветер во грб на локалната самоуправа, а не сега како што тоа го прави оваа влада да гледа на сите можни начини да ја опструира работата на локалната самоуправа и на градоначалникот.

Уште еднаш ќе ми дозволите да го честитам денот, да му честитам на градоначалникот, на тимот, на советниците, на сите луѓе кои што допринесуваат за Битола да се гради и продолжуваме со исто темпо, продолжуваме да го враќаме сјајот на Битола на конзулски град, порача тој.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.