Претседтелот на ВМР-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, отпатува во Вевчани, каде што ќе го проследи светски познатиот вевчански карневал.

Оваа посета ќе ја искористиме да поразговараме со граѓаните околу актуелната состојба како живеат, каков е животот, со кои проблеми се соочуваат.

 

Исто така ќе имам можност да разговарам и со луѓето од локалната самоуправа, со градоначалникот кој што е нели нов сега од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

 

И ценам дека овие посети покрај тоа што имаат ете би рекол забавен карактер треба да имаат и работен дел, затоа што она кое што нас како народна партија не интересира тоа е што мисли народот, како живее народот, каде можеме ние да помогнеме и кои се проектите кои што од нас народот ги очекува не само како локална самоуправа туку како и идна централна власт.

 

Така што очекувам да преовлада би рекол весел дух денеска и да им посакам на вевчанци успешен карневал и успешни карневалски денови, се разбира – порача Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.