На овој ден ВМРО-ДПМНЕ во рамки на Собранието ќе поднесе Декларација да се зацврсти темелот за ликот и делото на Гоце Делчев околу која сите ќе се обединиме, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако претходно со делегација на партијата пред гробот на Гоце Делчев.
Најпрвин да се заблагодарам еве на медиумите што и денеска се овде со нас иако некако како во тајност, во инкогнито да се држеше целиот овој ден бидејќи ниту имаше протокол ниту пак некој знаеше што ќе се случува денеска.
Како делегација на највисоко ниво од ВМРО-ДПМНЕ денеска одбележуваме 150 години од раѓањето на големиот македонски деец Ѓорѓи Делчев, кој оставил голема трага за нас Македонците, за Македонија. Со неговото дело и неговата борба за независна, суверена македонска држава во срцето на Балканот не задолжил истата да ја чуваме, негуваме и развиваме за да генерациите после нас се сеќаваат на неговото големо дело и за Македонија, и за македонскиот народ од чија нераскинлива алка е овој човек.
Така што денеска како ВМРО-ДПМНЕ во рамките на македонското Собрание ќе поднесеме и Декларација со која што сакаме да добиеме поддршка од сите политички партии кои што се парламентарни и вонпарламентарни со една цел да го зацврстиме темелот за ликот и делото на Гоце Делчев.
Очекувам сите политички партии без разлика дали се парламентарни или се надвор од Парламентот истата да ја поддржат, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.