Длабока почит и поклон за Дамјан Груев, пред неговото спомен обележје во славното Смилево.
Груев, еден од најголемите синови на Македонија и човек кој животот го посветил на ВМРО и каузата, и тоа на денот кога се бележи независноста на нашата татковина Македонија.
На Македонија ѝ треба нов 8 Септември, нова надеж, национално и сеопштествено обединување околу заложбата за подобра иднина, и зачуван идентитет.
Слава на хероите кои ги положија животите за нашата слобода и независност! – напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на неговата фејсбук страница.

Тој денеска го посети Смилево каде се поклони пред спомен одбележјето на Даме Груев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.