Ексклузивно можеби за Вашата емисија размислуваме да предложиме еден концепт кој што цениме ако навистина дел од партиите во Парламентот се искрени би можело да го прифатат, а од друга страна мислам дека граѓаните ќе го поздрават, а тоа е намалување на бројот на пратеници. Бидејќи можеби 120 пратеници е преголем број, да бидеме да речеме 90 е во словенечкиот модел и една изборна единица, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „360 степени“ на АлсатМ телевизија.
Мицкоски додаде дека според Уставот сега бројката се движи од 120 до 140 пратеници.
Треба да се интервенира тука, да се намали на 90. Цениме дека можеби овој гломазен систем ваков каков што е од 120 е преголем. Преголеми се трошоците, преголема е и акумулираната моќ, еве да го намалиме сето тоа на 90-тина. Да го намалиме бројот на привилегирани пратеници, рече Мицкоски.
Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го подржи предлогот на помалите политички партии за една изборна единица.
Мнозински изборен модел ние се залагавме, но немавме поддршка кај другите политички партии. Дали се исплашени, дали имаат некои други аргументи. Ние како политичари треба да сме креативни и да работиме за доброто на граѓаните и да нудиме решенија кои што ќе бидат за граѓаните. Е, сега ако некој вели дека една изборна единица е една изборна единица, и дека мнозинството на граѓани сакаат една изборна единица ние рековме дека ние сме подготвени да разгoвараме, појасни Мицкоски.
Мицкоски рече ајде да се стави тоа решение на маса во Парламентот.
Да го намалиме бројот на пратеници, ако може една европска Словенија да има 90, и тоа многу побогати се, зошто една Македонија да го има тој луксуз и да има 120 пратеници. Ајде да имаме 90 пратеници, укажа Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.