Оваа влада е администрирана од СДСМ, а водена од ДУИ, изјави за емисијата „360 степени“ на Алсат М телевизија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потенцирајќи дека сите клучни прашања се оставени да ги води ДУИ која има само 15 пратеници.
Мицкоски истакна дека владата е водена од ДУИ се гледа по тоа начинот на кој функционира и по распределбата моќ.

Ова де факто е влада на ДУИ, според тоа како е моќта распределена и начинот на кој функционира, се гледа дека ја водат луѓето од ДУИ и лицемерно ќе биде ако се каже дека е поинаку. Имаме економска и енергетска криза. Во јавноста за овие две прашања ги гледаме Крешник Бектеши Фатмир Бесими, едниот задолжен за буџет, другиот економија и тие излегуваат за позициите на владата за овие две суштински прашања, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека уште една работа дека ова е влада со која раководи ДУИ се гледа и по едно од најважните прашања за Македонија, а тоа е проблемот со Бугарија и македонските аспирации во ЕУ.

За проблемот со Бугарија и се уште не започнатиот евроинтегративниот процес, нашите позиции ги рефлектираат Али Ахмети, понекогаш Артан Груби и најчесто Бујар Османи, рече Мицкоски.

Во однос на прашањето дека ДУИ не прифаќа предвремени парламентарни избори Мицкоски истакна дека ДУИ има 15 пратеници, додека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат 44.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.