Претседателот и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Тимчо Муцунски, се сретнаа со Кристијан Сагарц – Европратеник од Австриската народна партија и известувач во сенка за Македонија во Европскиот Парламент.

Ја афирмирав заложбата на ВМРО-ДПМНЕ за побрз почеток на пристапните преговори со ЕУ.

 

На средбата исто така беше потврдена добрата соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Австриската народна партија во рамките на Европската народна партија, како и отворената можност за соработка помеѓу македонски и австриски општини во насока на имплементација на проекти од фондови на ЕУ – информира Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.