Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој гостува во вечерашната емисија „360 степени“ нагласи дека граѓаните кои дале поддршка на неговата партија на последните локални избори, бараат да се организираат и предвремени избори. Сепак, тој вели дека е свесен оти предвремените избори нема да можат да се случат сега и веднаш, кога владата доби мнозинска потврда во парламентот.
Кога велиме предвремени избори сега и веднаш јас сум апсолутно свесен дека тоа сега и веднаш не значи дека денеска или утре ќе имаме предвремени избори, парламентарни избори. Но мораме да почнеме да размислуваме за тоа, затоа што состојбата во државава не е добра. Кога велам не е добра тука пред се мислам на граѓаните кои што во огромно мнозинство на сите мерења на јавното мислење би рекол 2/3 мнозинство велат дека државата се движи во погрешен правец, а се движи во погрешен правец затоа што владата не ја бива и вели владата мора да си замине…многумина ни велат ви дадовме поддршка, ајде што чекате турнете ги овие, да одиме на избори и да направиме влада, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.