ВМРО-ДПМНЕ најавува дека нема да стои со скрстени раце во време кога власта не успева да ги исполни ветувањата пред граѓаните и да менаџира со актуелните кризи. Според лидерот на партијата Христијан Мицкоски, власта треба да биде свесна дека се неопходни предвремени избори.

Мицкоски во емисијата 360 степени на Алсат рече дека е подготвен да седне и да разговара за укинување на техничката влада, промената на изборниот модел во една единица и изборниот праг. Тој најави дека во меѓувреме ќе предложи намалување на бројот на пратеници во Собранието од 120 на 90.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.