Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Хрстијан Мицкоски рече дека ги поддржува работниците, но не и синдикалниот лидер на ССМ.
Ние секогаш поддржуваме работнички права и сме пријатели на работниците. А, омилениот синдикален лидер на власта прави ситни егзибиции со што го манипулира малото членство што сѐ уште го поддржува. Ние не го поддржуваме омилениот синдикален лидер на власта, но ги поддржуваме работничките права и работниците имаат пријател во ВМРО-ДПМНЕ – истакна Мицкоски.
Претставниците на Сојузот на синдикатите на денешната средба во Владата не постигнале договор за бараното линеарно зголемување на платата во јавниот сектор од 2.806 денари.
Претседателот на ССМ Дарко Димовски по средбата изрази разочараност што нема договор со владата, најавувајќи дека утре ССМ ќе биде донесена одлука за генерален штрајк.
Ова повеќе не се издржува и разочарани сме од преговорите со владините претставници. Ни понудија само кафе и вода и ни кажаа дека немаат пари, иронично забележа Димовски за тоа на какви одговори наишле во владата за своите барања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.