Пред нас се предвремени парламентарни избори на кои ќе ја бараме довербата на граѓаните и на кои ќе покажеме дека не сме сите исти, иако некои водат кампања дека сите политичари биле исти, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Битола.

Тој рече дека на 18 јуни ќе одржат протест пред Владата, по што ќе следува протестно лето со цел да има предвремени парламентарни избори.

Премиерот изјави дека сѐ што направиле во овие 4 месеци е повеќе отколку во изминатите 4 години. Изјавата на премиерот не ја чувствуваат граѓаните и сѐ што граѓаните не чувствуваат тогаш кажаното е манипулација и лага. Ако премиерот сака да биде реален, треба да каже дека имаме рекордна инфлација, дека сме на дното според странски и домашни инвестиции, дека капитулиравме пред енергетската криза, дека сме во фаза на капитулирање пред економската криза и дека нема перспектива затоа што се разурнати сите национални позиции, а граѓаните живеат тешко и едвај врзуваат крај со крај, од први до први. Тоа е реалноста со која треба да се излезе пред граѓаните, а не да се даваат лажни изјави – истакна Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.