Само нелигитимен премиер којшто е поставен на начин на којшто е така поставен може гласот на народот да го смета за нерелевантен. А, колку е тој релевантен ќе види на 20 август овдека во Тетово кога советничката листа на СДСМ ќе доживее класичен дебакл од граѓаните на Тетово. А, на следните предвремени парламентарни избори тој лично и неговите политики како нелигитимен премиер ќе доживеат дебакл од страна на граѓаните на Македонија – истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Тетово при презентирање на советничката листа на општина Тетово за претстојните избори на 20 август.

Мицкоски додаде дека тој нема што повеќе да додаде како коментар на изјавата на Димитар Ковачевски освен да каже дека за 20-тина дена гласно ќе одекне народот во Тетово, а потоа и насекаде низ Македонија. А, како што порача Мицкоски, Ковачевски како нелигитимен премиер ќе слушне што има народот да каже.

Од власта бегаа кога требаше да се соочат со своите колеги од опозицијата кога се гласаше за доверба на Владата, а бегаат и сега од соочување со граѓаните на референдум. Консултациите коишто ВМРО-ДПМНЕ ги прави течат, многу скоро веќе на следната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе разговараме на оваа тема, но и многу скоро јавноста ќе ги знае нашите чекори кон референдумското изјаснување – појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.