И претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговори на понижувањето од премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски, кој слатко се изнасмеа на навредата од Рама дека Македонија е Западна Бугарија.

Достоинство или го имаш или воопшто го немаш. Кога го немаш, тогаш навредите и понижувањата ти се смешни! Меѓутоа, на народот не!

Стоп за понижувањата на државата, за неодговорноста и за народниот грабеж!

Премногу е! 18 јуни. Голем народен протест! Пред Влада на Република Македонија, порача Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.