Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешниот протест пред Владата упати нов предлог.
Во рамките на Парламентот да формираме работна група каде ќе си ги кажеме нашите аргументи. Искуството вели дека не можеме да се потпреме на аргументите на Османи и СДСМ. Да формираме работни групи, бидејќи денеска гледаме дека утре ќе поминувал на Влада, па таков ќе доаѓал на пленарна седница и се создава тензија, рече Мицкоски.
Тој потенцира дека „само оние кои не им одговара масовност, сакаат да имаат радикализација“.
Во периодот кој што следи очекувам голем број граѓани да ни се приклучат и да имаме масовна поддршка во насока на громогласно „не“ против овој последен предлог, додаде Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.