Самото име на отворањето на македонскиот клуб во Благоевград со име „Никола Вапцаров“ значи клуб кој ќе значи културно зближување меѓу народите и државите и така треба да биде, ама тоа овде што се направи никој од вас дури ни Османи не го искоментира. Не случајно се оди со имињата „Цар Борис Трети“ и „Иван Михајлов“, тука е проблемот бидејќи немате сила и храброст да тропнете на маса и да го решите ова и тоа е проблемот, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија.

Мицевски посочи дека се успеало да дојдат до едно законско решение кое претходно очигледно иако имало механизми тие се злоупотребувани и поради тоа се создаде нервоза која се случи со отворањето наменски на овие 2 бугарски клубови за „културна соработка“ кои направија ваква реакција во јавноста.

„Врз основа на ова решение сметам дека точно е детектирано кои ја има одговорноста, а не како досега со префрлање на одговорности за тоа кој требало да реши или не требал да реши дали одредено решение значи поттикнување или повикување на агресија, нацизам и фашизам“, кажа Мицевски.

Тој истакна дека ако претендираме да бидеме сериозна држава ова треба да го расчистиме.

„Очекувајќи дека Владата ќе реагира по ова прашање, видовме дека само се купуваше време или пак имаше разни изговори по оваа тема. Затоа го поднесовме законот за здруженија и фондации, и врз основа на ова законско решение се дојде до едно решение кое стриктно дефинира кои се оние начини на одредена програма, цели и дејности било кое здружение или фондација смее или не смее да ги има“, потенцираше Мицевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.