Уставниот суд денеска одлучи да ја отфрли иницијативата со која се бараше поништување на Статутот и на Програмата на Здружението Културен центар „Иван Михајлов“ од Битола. Таа одлука беше донесена по утврдувањето на фактичката состојба дека клубот „Иван Михајлов“ е избришан од единствената база на податоци на Централниот регистар, односно не постои како правен субјект. Согласно овие информации Уставниот суд воочи процесни пречки за да одлучува по иницијативата и со тоа се исполнети условите од членот 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд, за да ја отфрли иницијативата.

Подносителот бараше поништување на актите со наводи  дека оспорените Статут и Програма се спротивни на членот 20 став 2 од Уставот затоа што според него се насочени кон разгорување на национална или верска омраза или нетреливост.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.