Koментирајќи го ставањето  на Рамиз Мерко на црната листа на САД Гордана Димитриеска-Кочоска смета дека тоа треба да биде аларм дека нешто не е во ред, но и покажува колку функционерите на ДУИ воопшто не се грижат што странците мислат за нив.

Ако ти си одговорен функционер и те ставиле на црната листа ќе се замислиш и ќе се повлечеш од функцијата ,затоа што станува збор за сериозна работа.Ова покажува дека тие не се грижат за ништо друго освен за нивните цели- а тоа е корупцијата и криминалот.Јасно е дека Мерко нема да се откаже ниту од градоначалничката функција, ниту ќе се повлече од некои од бизнисите. Тој ќе си го тера своето и не му е гајле на каква листа е ставен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.