Демократската партија на Албанците (ДПА) во Тетово организираше настан со цел да се одбележат 30 години политичка посветеност на партискиот претседател Мендух Тачи.

Одделението за односи со јавноста при ДПА информира дека на настанот Мендух Тачи одржал пригодно обраќање со резиме на својот политички ангажман почнат во 1993 година.

Неговиот политички ангажман почна во 1993 година, како потреба кога мораше дефинитивно да се смени политичкиот курс на лидерите на тогашната најзначајна албанска партија, бидејќи тогашните политички случувања не беа во корист на интересот на албанскиот народ, се вели во соопштението од ДПА.

На настанот пригодни обраќања за политичката активност на Мендух Тачи имале професорот и поранешен тетовски градоначалник Сади Беџети, како и познатиот колумнист и новинар Батон Хаџиу.  Поставена била и изложба со 30 фотографии кои означуваат некои од најважните моменти од политичките процеси низ кои поминал Мендух Тачи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.