Влегувањето на Алијанса во Владата на една година пред изборите е непотребен потег и акробација, нема ни што да се покажат ни да се докажат. Ова е коалиција за дневна политика и за да се потисне различниот глас во ДУИ, т.е на нашата група, вели во интервјуто за „Република“ Изет Меџити, потпретседател на партијата.
Со други зборови Алијанса за спас на Артан Груби-нагласува Меџити.
Според него, намерата е оваа коалиција да се прикаже како европска, зголемување и стабилизирање на мнозинството и приближување до бројката од 80 за уставни измени но далеку се од гласање за новата влада.
Сега сите аргуменит паднаа и бројката пак се сведе на 64 пратеници но ќе видиме дали ќе и биде толку. Се виде дека ова не е за зголемување на мнозинството ниту пак за европска коалиција или европски вредности оти со предлозите што ги даваат не одат во таа насока. Еден од примерите е ДУИ, односно крилото на Груби сакаше да промовира зелена агенда и на првиот потег го дадоа министерството за екологија што покажува не се сериозно во нивните залагања.
Меџети смета дека СДСМ и ДУИ се покажаа некоректни кон Алтернатива.
Немаше да имаат Влада без тие четири гласа на Алтернатива и не требаше да ги исфрлат сега кога имаат друга комбинација. Влегувањето на Алијанса во Владата во овој момент ќе ја дестабилизира политичката ситуација во сите партии, па дури во самата Алијанса. Место да бидат лидер на албанската опозиција тие на година пред изборите влегуваат во Влада за да бидат патерица за Артан Груби и за тоа мислам дека ќе платат цена. Но немаме објаснување и кај нас зошто ДУИ е пак со Влада со 64 пратеници во најдобар случај, а може и полошо да даде од 20-30 посто од тоа што го има на Алијанса за истата бројка.
Меџити уверува дека неговата група нема да гласа за новата Влада.
Ова е политика на инает и за дневни интреси и јавно кажувам дека нема да гласам за новата Влада но немаме никакви дилеми околу уставните промени. Не треба да се поврзуваат двете работи. Во моментов имаме тројца пратеници огнени како што не нарекуваат, но разговараме и со други зошто има незадоволство и кај другите партии.Да причекаме.
Потпретседателот на ДУИ отворено објаснува зошто имаат несогласувања со Артан Груби и кога тие настанале.
ДУИ од 2002 година до денеска барем во Чаир секогаш бил победник освен 2016 година кога Груби беше носител на листа и бевме трета партија. Некој ќе рече тоа беа тешки времиња за ДУИ- да но и во 2016 победивме во Сарај и 2017 пак се вративме како победници со Висар Ганиу.2020 година јас бев носител во првата изборна единица а Груби не беше ниту носител ниту канддат, ниту во штабот. Тој тогаш имаше една изјава дека ќе се повлече и тука беше измамата кај гласачите оти ние го криевме па после го вративме на голема врата и го поставивме вицепремиер откако ги добивме гласовите од гласачите. Тој е нелегитимен на гласачите а згора на тоа и не поминал на националниот совет на ДУИ, односно низ партиските органи. Тој е нелегитимен и во партиските органи а имаше шанса и покрај тоа што е нелегитимен да се докаже со работа. Ние успеавме после три години да го убедиме Ахмети дека мора да има партиски органи, дебата, анализа и се конституираа новите органи каде Груби се повлече од претседателството и остана само член на партијата. Се изборивме да има и отчет од Владата во делот на ДУИ. Направивме и ревизија на отчетот на Владата и ревизијата излезе многу полоша од нашите очекувања. Има само два посто реализација во капиталните инвестици.Тој води министерство за политички систем од каде нема ниту една политичка иницијатива или измена или дополна на некој закон. Не бараме од инает да си оди и да дојде некој друг, туку напротив тие треба да си одат бидејќи се нелегитимни кај народот и во партиските структури, немаат сработено и затоа треба да заминат за доброто на ДУИ.Ако Ахмети не не слуша нас треба да го слуша членството. На ДУИ и на државата и оди подобро без Груби.
Меџити објаснува и за новиот скандал со семејството Груби и купувањето на дуќан на улица „Македонија“.
Токму од овие причини бараме да си оди Артан Груби, Тој е нелегитимен,нема сработено, арогантен. Тоа што беше искажано беше документирано, имаше имотен лист од катастар и за ова крајниот збор треба да го каже Обвинителството и во таа насока има доста работа.
Меџити посочува дека Груби цело време се крие позади Али Ахмети и тенденцијата му е групата да се соочи со претседателот Ахмети но нема конкретен одговор зошто толку го штити.
Овој пат Ахмети непотребно зазеде страна.Требаше да не остави да се соочиме двете струи и да ги послуша аргументите и да донесе заклучок.Ние не претендираме.Ние не велиме дека за се сме сто посто во право, но истапивме аргументирано и со ревизија и ги браниме тие ставови. Сметам дека 99 посто од членството на ДУИ размислува како нас.Некои се плашат, некои калкулираат, некои имаат интерес за вработување и не го искажуваат тоа јавно но и ова што се гледа е доволно јасно за да се види сликата. Гледате дека оди цел владин кабинет и ги пречекуваат 20 луѓе и одиме ние кои не можеме да им ветиме ни вработување ни ништо но во првите редови стојат луѓе кои очекуваат да бидат разрешени. Ние се бориме ДУИ да се врати на вистинскиот пат и да биде победник како во минатото.Кај што чепка Груби ние сме губитници како што беше случај на локалните избори каде во полошкиот регион избубивме значајни општини. Анкетите не покажуваат дека се сјајни за ДУИ.Ние на некој начин дигаме аларм дека нешто треба да се превземе.
Тој објаснува што значеле зборовите искажани на митингот во Сарај дека „Груби го опкружува Ахмети со Тачи, Таравари и Села но оти со ѓаволи однадвор не се оди напред“.
Тие што го познаваат ДУИ и во најтешките времиња од 2006 до 2008 година кога победивме а не бевме дел од владата, овие луѓе сите беа против Ахмети.Почнувајќи од Тачи, Таравари, Села, Бујар Османи, Артан Груби.Ние го штитевме Ахмети од нив.
Меџити смета дека е најважно да се тргне влијанието на Груби бидејќи тоа е штетно и за Албанците и за ДУИ.
Тој мисли дека со влезот на Алијанса во Владата ќе нема опозиција.Како пример и во Тетово имаше слаба опозиција но се случи народот. И нас сега ни се случува народот.Погрешна е политиката да се елиминира опозицијата. Напротив, со влезот на Алијанса ќе ја дестабилизира ДУИ но и самата Алијанса и Алтернатива но и другите партии.
Меџити вели дека не планираат да формираат партија дури и ако Ахмети цврсто застане зад Груби.
Битката ја водиме внатре и ќе ја водиме внатре.Имаме искористено само дел од демократските инструменти и имаме цела лепеза на демократски инструменти и сум оптимист дека ќе извојуваме победа и нашата победа ќе биде победа на членовите на ДУИ и на Ахмети.
Мехмети признава дека ДУИ никогаш порано немала ваква позиција во Владата но оти тоа не дава резултати.
Имаме претседател на Парламент, во владата раководиме значајни ресори и тука е главниот проблем-најдобра политичка позиција но наслаба ефикасност и резултати.Се поставува прашаањето што прават со овие позиции ако тоа нема ефект во капитални инвестиции, во децентрализација, во албанскиот јазик, во правичната застапеност…
Со што се занимаваат каде ја ефектуираат оваа политичка моќ? прашува потпретседателот на партијата.
Меџити не гледа потреба за предвремени избори.
И ова што се направи е непотребно, имаше стабилно мнозинство и требаше само да се сработи тоа што е ветено и ќе немаше потреба од вакви политички акробации.Се надевам дека ова нема да доведе до предвремени избори и треба заедно да смогнеме сили да најдеме решение и да дојдеме до уставни промени бидејќи тоа е единствен пат за граѓаните да одиме кон ЕУ.
Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.