ДУИ не беше ваква. Во последно време, народот зборува дека ДУИ повеќе личи некогашната ДПА, вели потпретседателот на партијата Изет Меџити, кој додава и дека не успева да го препознае лидерот Али Ахмети со последните постапки што се преземаат.
Али Ахмети ваков не го познаваме. Тој беше тој што држеше долги состаноци на Претседателството од 13 до 15 часот, ги слушаше мислењата за и против, никого не оставаше настрана, играше улога на родител. Ги слушаше двете страни и на крај ќе пресечеше, рече Меџити на ТВ21.
Според Меџити, со дозвола на Ахмети, сега целата власт на партијата е во рацете на Артан Груби, а ова што се случува во партијата не е добра порака за новите генерации кои размислуваат поинаку. Меџити рече дека има случаи кога постојат дилеми дали Груби де факто е претседател на ДУИ.
Која е пораката за идните генерации на кои сакаме да им ја оставиме ДУИ или албанската политика. Албанците треба да бидат униформирани и да мислат само како што мисли лидерот а во случајов Артан Груби. На моменти има дилеми дека лидер де факто е Артан Груби, вели Меџити.
Меџити заврши дека сепак Ахмети е главна фигура на ДУИ, основач и тешко е да се помисли на ДУИ без Али Ахмети на чело на партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.