Претседателот на Демократското движење, Изет Меџити синоќа порача дека владеачката ДУИ е завршена приказна за него, замерувајќи ѝм на поранешниот партиски колеги дека „во последно време создаваат само непријатели“.
Меџити во емисијата „Клик Плус“ информира и дека како поранешен градоначалник на општина Чаир, на многу функционери на ДУИ како и на многу граѓани им овозможил легализација на своите домови кои имале статус на дивоградби.
Во однос на актулниот технички премиер Талат Џафери, Меџити изјави дека се однесува како млада невеста.
Техничкиот премиер без никакви ингиренции, Талат Џафери, не е премиер, туку повеќе личи на „млада невеста“ која ја носат да ја претстават пред семејството. ПР му прави Груби со разните негови посети во администрацијата изигрувајќи инспектор, истакна пратеникот во Собранието.
Тој наведе и дека албанското прашање и евроинтеграциите на државата за опозицијата се црвени линии.
Убеден сум дека по изборите ќе имаме проевропска влада која ќе ги спроведе уставните измени и ќе го продолжи патот на евроинтеграциите, кажа Меџити во гостувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.