Некогашниот втор човек во ДУИ, сега лидер на ново политичко движење, Изет Меџити во летното издание на „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека мнозинството на власта е кревко. Според него, истото преживеало благодарение на пратеникот Кастриот Реџепи.
Имаме 3 пратеници… Мнозинството сега е кревко. Не ме чуди што имаат проблем со 61. Ова мнозинство преживеа благодарение на господинот Реџепи, рече Меџити.
Тој додава дека Мерита Коџаџику и Кастриот Реџепи ќе ја критикуваат власта во Собранието како најнова албанска опозиција.
Реџепи веќе најави дека ќе биде еден од основачите на партијата на Меџити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.