Доктор Бобан Вучевски од Клиничката болница во Тетово, еден од обвинетите за пожарот во тетовската болница секојдневно добива поддршка од сите страни.
Јавни пораки и благодарности за др. Вучевски. И овде нема разлика во јазик, вера или религија. Овде се работи за искрена, несебична, но и заслужена поддршка, пишува Дафина Стојаноска.
Иако партиска личност, ќе ризикувам да бидам и погрешно разбрана, но оној ден кога ќе сфатиме дека нема место за политика во здравството (освен место за стратегија, креирана и спроведувана од експерти), тогаш и ќе можеме да се пофалиме дека сме се надминале себеси и сите околу нас. Дотогаш, ќе се молиме на Бога и ќе се лажеме дека здравјето е најважно, знаејќи дека ни треба „пријател“ и за вадење на лекарско уверение за возачка дозвола.
Мојата поддршка за д-р. Бобан Вучевски ја давам, меѓу останатото, и заради моето случајно запознавање со него во една приватна дружба, каде, незнаејќи кој е, ми остави впечаток за многу, ама многу, напреден, успешен и паметен млад човек.
На неколку наврати на шала имам кажано дека во оваа денешна неправда и апсурдно „водење“ на држава, можеби е и знак – кога оваа криминална власт ве гони, дека вие сте правичните, затоа што власта ни е криминална. За жал, мора да ги издржиме и ќе ги издржиме, ама и ќе им вратиме, но со правда – вистинска, а не кукавичка, криминална и криминализирана.
Издржете, д-р. Вучевски. Со ваква јавна поддршка од вашите сограѓани Вие веќе сте без обвинение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.